UWC Чангшу Кина
Чангшу, Кина
560 ученици
15-18 години
2015
UWC Чангшу Кина беше основано во 2015-та година како првиот UWC во Кина на иницијативата на поранешен ученик на UWC, Марк Џиапенг Ванг. Од отварањето, колеџот има многу пораснато, и денес има 443 ученици. UWC Чангшу Кина нуди образование во 10-то, 11-то, и 12-то одделение, со тоа што повеќето интернационални ученици се присутни во последните две години.
Три уникатни карактеристики
- Кинеска култура - Секој ученик е обврзан да земе барем еден кинески предмет, како јазик, литература или култура, со што се создава динамична околина на Мандарински и богат кинески културен контекст кој му помага на учењето. Во меѓувреме, Џи Шинг (“Zhi Xing") програмата - “учење преку работа“ - дозволува истражување на кинеската култура преку интеракција со локалната заедница.
- Лидерство на млади - Многу од Џи Шинг активностите се предводени од ученици, кои го користат нивното знаење и искуство да им помогнат на нивните соученици да успеат, со тоа што се поставуваат како позитивни примери додека се предизвикуваат самите себе.
- Заштита на околината - Учениците учествуваат во активности како рециклирање, органска агрикултура и заштита на водени средини, со што имаат позитивен импакт на локалната заедница.
Во училницата
UWC Чангшу Кина ја нуди Меѓународната матура (IBDP), како и програма за ученици од 10-то одделение, како подготовка за IBDP програмата.
Програмата за 10-то одделение цели да ги научи учениците потребните вештини и знаење за успешен влез во Меѓународната матура.
Во курикулумот на Маѓународната матура, заедно со стандардните предмети, UWC Чангшу нуди вовед во Кинески (за интернационалните ученици), географија, економија, филозофија, историја, биологија, технологија на дизајн, климатски системи и општества, музика, кинески студии, театар, визуелна уметност, шпански, француски и германски.
Надвор од училиницата
UWC Чангшу Кина ја преименува програмата за Креативност, Акција и Сервис (КАС) во “Џи Шинг“, што значи “учење преку дејствување“. Програмата овозможува истражување на кинеската култура во колеџот и пошироката заедница. Многу од активности, како кинеска уметност, калиграфија, или кинески музички инструменти, имаат директен фокус на кинеската култура, што им дозволува на интернационалните ученици холистично да ја разберат локалната култура. Таквите активности исто така им дозволуваат на кинеските ученици да ја истражат и сопствената позадина. Други активности, како волонтирање во локални домови за стари луѓе, училиште и центри за заедницата, ги вклучуваат во образованието и локалната кинеска култура, луѓе и околина.
Проектните недели се бесценети можности за учење, што им дозволуваат на учениците да дејствуваат врз нивните UWC вредности. Еднаш годишно, учениците истражуваат подалечен предел на Кина. Професорите предводат група на ученици во помалку развиени региони за да учестуваат во недела за да помогнат на заедницата. Учениците комуницираат со заедницата преку предавања и помош. Овие патувања им ги покажуваат различните нивоа на економски развој во Кина на сите ученици.
Кампус
Дизајниран од Мо Пинг, кампусот од скоро 10 хектари е изграден на остров на северозападната страна на езерото Кунченг. Архитектонскиот дизајн потсеќа на јужно кинеско село блиску до вода, каде поврзаностите помеѓу различните делови се лесни и непречени. Кампусот е изграден со голем број напредни технологии кои ја зголемуваат одржливоста и минимизираат импактот на околината, како геотермален систем на греење, соларни панели на покривите, хибридни соларни панели и улични светилки со ветерници. Кампусот вклучува центар за уметност, центар за благосостојба на учениците, внатрешни атлетски објекти, терен за трчање, базен, простор за јога и танц, надворешно игралиште, терен за кошарка, терен за фудбал, центар за наука, технологија, и математика, центар за конференции, домови за учениците и професорите, кафетерија и библиотека.
Локација
Чангшу е град во провинцијата Џиангсу, на некои 110 километри западно од Шангај, во срцето на делтата на реката Јангце.
Упис
Учениците аплицираат преку нивните национални комитети. За повеќе информации за UWC Чангшу Кина, посетете ја веб страната.
Контакт детали
UWC Changshu China,
No. 88 Kun-Cheng-Hu-Xi Road,
Changshu,
Jiangsu,
China 215500