UWC Тајланд
Пукет, Тајланд
380 ученици,
18 месеци до 18 години
2008
UWC Тајланд е основан во 2008 година како Пукет Меѓународна академија и станува дел од UWC движењето во август 2016 година. UWC Тајланд е дневно училиште со резиденции и нуди сеопфатна образовна програма со посебен фокус на mindfulness, ментална состојба постигната со фокусирање на свеста на сегашниот момент, додека мирно се сфаќаат и прифаќаат чувствата, мислите и телесните сензации и која се користи како терапевтска техника.
Три уникатни карактеристики
- Mindfulness - UWC Тајланд ги интегрира социјалното емоционално учење и mindfulness во својата наставна програма, обезбедувајќи им на секој од членовите на заедницата поддршка во развивањето на клучни животни вештини, вклучувајќи ја и самосвеста и менаџментот, социјална свесност и ефективност, како и работењето на етички и ефикасен начин.
- Заштита на морската средина - Лоциран во подножјето на националниот парк и 10 минути од океанот, UWC Тајланд нуди бројни иницијативи со цел зачувување на морската средина (реконструкција на мангровите живеалишта и мониторинг на коралниот гребен) и поттикнување на одржливи практики (Пукет без пластика, чистење на плажата и на почвата).
- Учење со искуство - UWC Тајланд има длабока посветеност кон учење со искуство и да се направи учењето ангажирано и значајно за сите. Учениците се често надвор на екскурзии, дневни патувања и волонтирања локално на островот и регионално низ Тајланд - и пошироко.
Во училницата
Во рамките на автентичната и насочена диференцијаци во UWC Тајланд, подеднаков акцент е ставен врз менталната и емоционалната рамнотежа како и академската строгост. Учениците учат како да учат, анализираат, размислуваат креативно и да донесат замислени заклучоци, со што програмата ги охрабрува учениците до највисоките нивоа на академски достигнувања.
Детската програма е за ученици на возраст од 18 месеци - 3 години. Програмата за основно образование е наменета за ученици на возраст од 3 до 12 години, а средната програма е наменета за ученици на возраст од 11-16 години. За 16-19 годишна возраст, UWC Тајланд ја нуди IB програмата за Меѓународната Диплома (IBDP) . Заедно со стандардни курсеви, училиштето нуди тајландски, руски, мандарински, корејски, холандски, бизнис менаџмент, психологија, дизајн на системи, глобална политика и уметност.
Надвор од училницата
UWC Тајланд нуди сеопфатна програма на активности за ученици од сите возрасти. Активностите им овозможуваат на учениците да истражуваат проекти и страсти во волонтерска работа, креативност, спорт, култура, и се водени за време на ручек, по училиште и за време на викендот. Покрај тоа, учениците започнуваат екскурзии со своите соученици, кои се фокусираат на авантуристички тренинг и ги поместуваат границите на нивните искуства. Екскурзиите се движат од студиите од прва година кои поминуваат ноќ во библиотеката што за некои од нив е прва ноќ што не спијат дома, до учениците од петто одделение кои што поминуваат 5 дена кампувајќи и кајакувајќи околу брегот на Пукет. Некои одделенија патуваат за да научат како да пловат со своите соученици, а други работат со регионално спасувалиште за желки за да помогнат во заштитата на загрозени видови. Секое одделение се фокусира на различни екскурзии секоја година, а секое патување е соодветно за возраста на учениците. Учениците на IBDP ја организираат својата проектна недела, која има централен фокус на волонтирање и на заедницата.
Кампус
Кампусот на UWC Тајланд е простран и обемен, и секој дел е поделен на "парчиња" (рано детство, ниско основно, високо основно и средното училиште). Резиденцијата е дом на 60 ученици од 7 до 12 одделение, а друга се гради во моментов и треба да се отвори во јануари 2018 година. Училиштето се наоѓа веднаш до спортскиот цента и сите членови на заедницата имаат пристап до одличните спортски објекти кои вклучуваат олимписки базен, трака за трчање, рагби терен, тениски игралишта, игралиште за одбојка и кардио центар.
Локација
UWC Тајланд се наоѓа на северниот дел од островот Пукет. Се наоѓа на 20-минутно возење до мостот Сарасин кој го поврзува Пукет до копното Тајланд. Пејзажот на Северен Пукет е мешавина на заштитени национални паркови, плажи и крајбрежни области, како и гумени плантажи.
Упис
Апликантите за основното и средно училиште во UWC Тајланд може да аплицираат директно во училиштето. Приемниот процес се базира на мисијата и вредностите на UWC. Учениците кои сакаат да бидат дел од UWC Тајланд во 11 и 12 одделение можат да аплицираат преку нивните национални комитети или преку Глобалната Селекцијска Програма. Политиката на UWC Тајланд е дека не може да има повеќе од 20% од само една националност на колеџот. За повеќе информации за UWC Тајланд, посетете ја веб страницата.