UWC Мастрихт
Мастрихт, Холандија
915 ученици,
2-10 години
2009
UWC Мастрихт е целосно интегрирано, мултикултурно училиште за ученици со разни образовни и социоекономски позадини кое функционира во рамки на холандскиот државен образовен систем и е субвенционирано од страна на владата на Кралството Холандија. Училиштето е отворено за да служи за потребите и на меѓународната заедница во Мастрихт и за учениците избрани од страна на националните комитет ширум светот кои доаѓаат да живеат и учат на кампусот.
Три посебни карактеристики
- Државно училиште - UWC Мастрихт е единствениот UWC колеџ што функционира во рамки на државен образовен систем, образуваjќи ученици од предучилишна до средноучилишна возраст.
- Младинско социјално претприемништво (МСП) и студентски конференции - МСП иницијативата ги опремува учениците со вештини за да идентификуваат проблеми во заедницата и да дизајнираат соодветни решенија во форма на социјални претприемнички проекти. Многу годишни конференции - TEDx Мастрихт, Младинска еколошка одржливост, Меѓународна мировна конференција, Конференција по теорија на знаење - се целосно организирани од страна на учениците.
- Служење на локалната заедница - UWC Мастрихт прави континуиран напор да ги намали разликите меѓу училишната и локалната заедница.
Во училницата
Предучилишната програма (2-4-годишни деца) вклучува низа на образовни искуства за секој од 5-те аспекти од детскиот развоен и образовен процес.
Основноучилишната програма (4-11-годишни деца) се состои од низа на предметни области со пристап до истите зависен од нивото на владеење на англискиот јазик.
Средноучилишната програма (11-16-годишни деца) ги поттикнува учениците да ја разберат поврзаноста меѓу традиционалните училишни предмети и надворешниот свет, како и да критички и рефлексивно настроени.
На 16-18-годишните ученици, училиштето ја нуди Дипломската програма при Меѓународната матура. Покрај стандардните предмети, UWC Мастрихт нуди холандски, шпански, германски, италијански, светска уметност и култура, глобална политика, визуелна уметност, музика.
Надвор од училницата
UWC Мастрихт е посветен на зајакнување на социјалното претприемништво меѓу учениците и вработени опремувајќи ги истите со алатки и ставови потребни за започнување и одржување проекти. Учество во Младинското социјално претприемништво (МСП) е задолжително за сите ученици во првата година од Дипломската програма на Меѓународната матура (ММДП)
Во првата година од ММДП, учениците дизајнираат, планираат и реализираат локална проектна недела служејќи на локалната заедница во Мастрихт. Исто така, сите ученици на ММДП се поттикнати да организираат опционална проектна недела во Европа за време на некој од распустите, фокусирајќи се на волонтерски, креативни, спортски и истражувачни активности.
Годишната дводневна конферензија за теорија за знаење (ТОК) им дава можност на учениците, заедно со престижни говорници, да бидат критички настроени и да го анализираат светот околу нив.
За време на четиридневната Меѓународна мировна конференција, медијатори, правници и експерти од целиот свет го споделуваат своето знаење со учениците и така ги инспирираат истите. Учениците кои го искусиле отсуството на мир или кои имаат лични искуства со разни форми на конфликт исто така значително придонесуваат во дискусиите фокусирани на решенија на конфликтни ситуации.
Мастрихт Модел Обединети Нации (MaasMUN) и TEDxYouth@Maastright се исто така годишни настани кои се целосно организирани од страна на учениците.
Кампус
Кампусот е изграден во 2015 во стил на парк, на североисток од центарот на Мастрихт. Локацијата е опкружена со спортски игралишта, природен резерват и нови сместувачки објекти за учениците. За да се стигне до кампусот, се преминува преку еден мост кој е единствено достапен за пешаци и велосипедисти.
Локација
UWC Мастрихт се наоѓа во Мастрихт, мултикултурен град, во најсончевиот и најјужен дел на Холандија. Центарот на градот е на само 10 минути со велосипед од кампусот.
Упис
Кандидатите за предучилишната, основноучилишната и средноучилишната програма мора да ги исполнуваат критериумите според Холандскиот закон за меѓународно образование. Учениците кои престојуваат овде се бирани од страна на националните комитети. За повеќе информации, одете на нивната веб страна.
Контакт детали
UWC Maastricht
PO Box 1187
6201 BD Maastricht
Netherlands