Што е UWC?
UWC (United World Colleges -- Светски Обединети Колеџи) се глобално образовно движење кое го користи образованието како сила за обединување на луѓето, нациите и културите за мир и одржлива иднина.
Централно на етосот на UWC е верувањето дека образованието може да спои млади луѓе од сите средини врз основа на нивното заедничко човештво, и да ги вклучи кон можност за општествени промени преку храбра акција, личен пример и несебично лидерство. За да се постигне ова, UWC училиштата и колеџите ширум светот и нудат предизвикувачки и транформативни образовни искуства за разновидна група на млади чуѓе, инспирирајќи ги да станат агенти на поситивни промени во согласност со основните вредности на UWC:
- Интернационално и меѓукултурно разбирање
- Негување на разликите
- Лична одговорност и интегритет
- Взаемна одговорност и почит
- Сочувство и служба
- Почитување на животната средина
- Чувство на идеализам
- Личен предизвик
- Акција и личен пример
Денес, UWC има 18 училишта и колеџи на 4 континенти, од кои поголемиот дел се фокусира исклучиво на групата од 16-19 години: време кога енергијата и идеализмот на младите можат да се насочат кон емпатијата, одговорноста и доживотното дејствување. Овие колеџи ја ја следат наставната програма на меѓународната диплома International Baccalaureate (IB), во која UWC одигра голема улога за нејзиниот развој, истовремено истакнувајќи ја важноста на практично учење, служба во заедницата и активности на отворено.
Улениците на UWC се избираат во својата земја, во повеќе од 155 земји, преку уникатниот систем на национални комитети. Изборот се заснова на докажано ветување и потенцијал. Во согласност со етосот на UWC, образованието треба да биде независно од социоекономските средства на ученикот. 70% од учениците за време на изучување на IB дипломата добиваат целосна или делумна финансиска помош, врз основа на нивните потреби.
UWC, исто така, работи и со пократки образовни програми – спроведени на кампусите на своите 18 училишта и колеџи и пошироко – зголемувајќи го бројот на луѓе кои можат да имаат пристап до образовните искуства на UWC.
UWC поттикнува доживотна посветеност кон општествената одговорност и, до сега, има инспирирано светска мрежа од повеќе од 60.000 дипломци, кои веруваат дека е можно да се превземе акција и да се направи разлика на локално, национално и меѓународно ниво.