Премини на содржината ↓
map

UWC САД

Монтезума, Њу Мексико

235 ученици
17-19 години

Основан

1982

3 March 2017

UWC САД, најпрво познат како Арманд Хамер Светски Обединет Колеџ на Американскиот Запад, е основан од страна на Арманд Хамер по барањето на Принцот Чарлс, тогашен Претседател на UWC. За локација Хамер ја одбрал Монтезума, Њу Мексико на југозападот на САД, поради природните убавини, близината на огромните појаси на дивината на северот на Њу Мексико, како и археолошката значајност во еден историски дел на Соединетите Американски Држави.

Please enter some content for your news story here.

Три уникатни карактеристики

  • Служење на заедницата - Учениците поминуваат над 17000 часови секој година волонтирајќи во народни кујни, во локалната болница за ментални болести и во локалните училишта. Округот Сан Мигел, кадешто се наоѓа Монтезума, има една од највисоките стапки на сиромаштија во целата држава.
  • Дивина - Програмата посветена на дивината се состои од обилни можности за кампување и прошетки.
  • Бартос Институт - Бартос Институтот за конструктивно ангажирање со конфликти е широко поддржан програм посветен на јакнење вештини за решавање конфликти и интеркултурно разбирање.
     
Во училницата 

UWC САД ја нуди Дипломската програма на Меѓународната матура. Покрај стандардните предмети, колеџот нуди кинески, германски, културолошка и социјална антропологија, спортски активности и здравје, музика, театар, танц.

Надвор од училницата 

На UWC САД, програмата за Креативност, Активност и Служба (КАС) е поделена на три компоненти: дивина, ангажман во заедницата и Бартос Институтот за конструктивно ангажирање со конфликти.

Сите ученици учествуваат на најмалку две повеќедневни кампувања во дивината. Покрај ова, учениците можат да изберат да учествуваат и на зимски кампувања, крос-кантри скијање и други зимски спортови. Сите учениците се опремуваат со основни вештини за во дивината, како што се прва помош и кардиопулмонална реанимација. Доколку сакаат, учениците можат да се здобијат и со сертификат за завршен курс за прва помош во дивината.

Како дел од програмата за ангажман во заедницата, учениците имаат реновирано стара црква, претварајќи ја во активен дом на локалната заедница, имаат изградено домови за бездомни семејства, имаат помагано во локалниот центар за бездомници, имаат работено со деца од основно училиште, како и работено во локалната болница за ментални болести. Покрај сето ова, учениците служат и во сопствениот кампус преку учество во работните тимови.

Иницијативите на Бартос Институтот за конструктивно ангажирање со конфликти имаат за цел да ги опремат младите со теоретски и практични вештини за да можат конструктивно да се ангажираат со лични, меѓуособни конфликти и конфликти во заедницата.

Сите учениците во првата година учествуваат во секоја компонента во првиот семестар. Во втората година, учениците бираат една област која најмногу соодветствува на нивните лични аспирации за да се усовршат во истата.

Летни школи (Кратки курсеви) 

На Глобалниот Лидерски Форум (ГЛФ), колеџот ги предизвикува учесниците да излезат од својата комфортна зона. Преку поддршка и намерен ангажман со заедницата, школата има за цел да ги негува енергијата и моќта што младите ги поседуваат. Низ ГЛФ искуството, учесниците се ослободуваат од идејата дека тие самите не можат да донесат промени во нивните заедници.

Кампус 

Со 200-хектарскиот кампус доминира замокот Монтезума. Изграден во 1881 како луксузен хотел и целосно реновиран во 2001, во замокот се наоѓаат ученички соби, училници, канцеларии и трпезариската сала. Други објекти се:

  • 6 резиденцијални домови, именувани по највисоките врвови на светот. Секој дом има 25-40 ученици.
  • Хотелот Стар Камен, изграден во 1878. Во него се наоѓаат училници, библиотеката и административните канцеларии.
  • Едит Лансинг Фиелд салата, спортски комплекс кој вклучува затворени кошаркарски игралишта, сквош терени, студио за танц и теретана.
  • Уметничкиот Центар Клуге, кој вклучува аудиториум, уметнички и музички студиaДван светилиштето, спектакуларна кружна зграда со 12 големи призми во апсидите и таван кои рефлектираат виножита низ просторот.
Локација 

UWC САД се наоѓа на работ на Пекос дивината во подножјето на планинскиот венец Сангре де Кристо. Областа располага со 300 сончеви денови годишно и генерално умерена клима, и покрај снегот во зимите.

    Упис 

    Кандидатите аплицираат преку нивните националните комитети. За повеќе информации одете на нивната веб страна.

     

     

    You have not allowed cookies and this content may contain cookies.

    If you would like to view this content please

     

     

    Контакт детали


    UWC-USA
    POST OFFICE BOX 248,
    MONTEZUMA NM 87731-0248

    18 Колеџите
    ширум светот