Премини на содржината ↓
map

UWC Тајланд

Пукет, Тајланд

380 ученици,

18 месеци до 18 години

Основан

2008

3 March 2017

UWC Тајланд е основан во 2008 година како Пукет Меѓународна академија и станува дел од UWC движењето во август 2016 година. UWC Тајланд е дневно училиште со резиденции и нуди сеопфатна образовна програма со посебен фокус на mindfulness, ментална состојба постигната со фокусирање на свеста на сегашниот момент, додека мирно се сфаќаат и прифаќаат чувствата, мислите и телесните сензации и која се користи како терапевтска техника.

Три уникатни карактеристики

  • Mindfulness - UWC Тајланд ги интегрира социјалното емоционално учење и mindfulness во својата наставна програма, обезбедувајќи им на секој од членовите на заедницата поддршка во развивањето на клучни животни вештини, вклучувајќи ја и самосвеста и менаџментот, социјална свесност и ефективност, како и работењето на етички и ефикасен начин.
  • Заштита на морската средина - Лоциран во подножјето на националниот парк и 10 минути од океанот, UWC Тајланд нуди бројни иницијативи со цел зачувување на морската средина (реконструкција на мангровите живеалишта и мониторинг на коралниот гребен) и поттикнување на одржливи практики (Пукет без пластика, чистење на плажата и на почвата).
  • Учење со искуство - UWC Тајланд има длабока посветеност кон учење со искуство и да се направи учењето ангажирано и значајно за сите. Учениците се често надвор на екскурзии, дневни патувања и волонтирања локално на островот и регионално низ Тајланд - и пошироко.
Во училницата
 

Во рамките на автентичната и насочена диференцијаци во UWC Тајланд, подеднаков акцент е ставен врз менталната и емоционалната рамнотежа како и академската строгост. Учениците учат како да учат, анализираат, размислуваат креативно и да донесат замислени заклучоци, со што програмата ги охрабрува учениците до највисоките нивоа на академски достигнувања.

Детската програма е за ученици на возраст од 18 месеци - 3 години. Програмата за основно образование е наменета за ученици на возраст од 3 до 12 години, а средната програма е наменета за ученици на возраст од 11-16 години. За 16-19 годишна возраст, UWC Тајланд ја нуди IB програмата за Меѓународната Диплома (IBDP) . Заедно со стандардни курсеви, училиштето нуди тајландски, руски, мандарински, корејски, холандски, бизнис менаџмент, психологија, дизајн на системи, глобална политика и уметност.

Надвор од  училницата 

UWC Тајланд нуди сеопфатна програма на активности за ученици од сите возрасти. Активностите им овозможуваат на учениците да истражуваат проекти и страсти во волонтерска работа, креативност, спорт, култура, и се водени за време на ручек, по училиште и за време на викендот. Покрај тоа, учениците започнуваат екскурзии со своите соученици, кои се фокусираат на авантуристички тренинг и ги поместуваат границите на нивните искуства. Екскурзиите се движат од студиите од прва година кои поминуваат ноќ во библиотеката што за некои од нив е прва ноќ што не спијат дома, до учениците од петто одделение кои што поминуваат 5 дена кампувајќи и кајакувајќи околу брегот на Пукет. Некои одделенија патуваат за да научат како да пловат со своите соученици, а други работат со регионално спасувалиште за желки за да помогнат во заштитата на загрозени видови. Секое одделение се фокусира на различни екскурзии секоја година, а секое патување е соодветно за возраста на учениците. Учениците на IBDP ја организираат својата проектна недела, која има централен фокус на волонтирање и на заедницата.

Кампус
 

Кампусот на UWC Тајланд е простран и обемен, и секој дел е поделен на "парчиња" (рано детство, ниско основно, високо основно и средното училиште). Резиденцијата е дом на 60 ученици од 7 до 12 одделение, а друга се гради во моментов и треба да се отвори во јануари 2018 година. Училиштето се наоѓа веднаш до спортскиот цента и сите членови на заедницата имаат пристап до одличните спортски објекти кои вклучуваат олимписки базен, трака за трчање, рагби терен, тениски игралишта, игралиште за одбојка и кардио центар.

Локација
 

UWC Тајланд се наоѓа на северниот дел од островот Пукет. Се наоѓа на 20-минутно возење до мостот Сарасин кој го поврзува Пукет до копното Тајланд. Пејзажот на Северен Пукет е мешавина на заштитени национални паркови, плажи и крајбрежни области, како и гумени плантажи.

Упис
 

Апликантите за основното и средно училиште во UWC Тајланд може да аплицираат директно во училиштето. Приемниот процес се базира на мисијата и вредностите на UWC. Учениците кои сакаат да бидат дел од UWC Тајланд во 11 и 12 одделение можат да аплицираат преку нивните национални комитети или преку Глобалната Селекцијска Програма. Политиката на UWC Тајланд е дека не може да има повеќе од 20% од само една националност на колеџот. За повеќе информации за UWC Тајланд, посетете ја веб страницата.

You have not allowed cookies and this content may contain cookies.

If you would like to view this content please

Контакт детали


18 Колеџите
ширум светот