Премини на содржината ↓

Мартина Газепова

16 August 2024

се чувствува како дома

Можеби веќе сте го слушнале изразот: ‘Штом ќе го загризате Големото јаболко (Њујорк) вашиот живот никогаш нема да биде ист.’

Барем за Мартина, тоа е дефинитивно точно.

Мартина израсна во Радовиш, град со 15,000 жители кој не изгледа баш како Њујорк. Првите две години од средното образование ги поминува во интернат во Скопје, како дел од Американската гимназија, пред да замине на програмата за младинска размена во САД (YES).  

Првично имала намера, по завршувањето на средното образование, да се насочи во светот на информатиката. Но, патувањето во Њујорк минатиот ноември значително ѝ влијаело на нејзината страст, инспирирајќи ја да се фокусира на филм и кинематографија. Како што самата Мартина ми раскажа за Њујорк: „Градот те инспирира да направиш нешто и да станеш некој“. И самата го бев посетила Њујорк за време на зимскиот распуст, па може да претпоставите дека Мартина и јас поминавме значително време разговарајќи за тоа што го прави овој град толку посебен, импресивен и извонреден – и зошто толку луѓе се чувствуваат како градот да им е дом. 

Сепак, не беше само патувањето во Њујорк кое самостојно ја измени перцепцијата на оваа млада девојка; пресудна улога одигра и нејзиното запишување на воведниот час за видео продукција во првото полугодие во нејзиното средно училиште во Висконсин. Нејзиниот труд на овој час бил очигледен што инструкторот ја охрабрил да се префрли на напредниот верзија на часот.

Очекувано е дека визуелните уметности ќе бидат еден од предметите што Мартина веќе ги има избрано за Меѓународната матура на колеџот во Чангшу. По матурирањето таа планира да продолжи да студира нешто во областа на уметноста или кинематографијата – можеби на Њујоршкиот Универзитет (NYU), или во Лос Анџелес.

Мартина веќе е запознаена со приспособливоста и издржливоста кои се потребни за да се биде далеку од дома, на различен континент и во друга временска зона. Живеењето во студентски дом во Скопје оддалечено на неколку часа од нејзиниот (прв) дом дефинитивно ѝ помогнало да се справи со носталгијата на почетокот кога заминала за САД. Како што таа се сеќава: „Се прилагодив подобро отколку што првично мислев дека ќе бидам“.

Заминувањето да студира во Чангшу е само уште еден чекор напред за оваа средношколка. Размената на искуства во САД меѓу различните групи што ги запознала од целиот свет ја поттикна нејзината желба повторно да аплицира за студирање во странство, иако овој пат наместо 6 часа поназад, таа ќе биде 7 часа понапред во Кина.

Како што вели нејзиното семејство и пријателите, заедно со мачката најмногу ќе и недостигаат. Сепак, со нетрпение очекува да се запознае со новата средина која ќе биде нејзин дом во следните две години. Еден од нејзините врсници веќе беше споделил 3-Д мапа на колеџот во Кина и веќе е вљубена во живописниот, современ кампус во Чангшу.  На нејзината листа за претстојните две години во план ѝ е посетата на Кинескиот ѕид и футуристичниот Шангај што е само на час и половина со воз од Чангшу. 

Сè што можеме да направиме е да ѝ посакаме две трансформативни години во новата средина и да видиме како Кина ќе го обликува нејзиниот пат во иднина.

Нела Честојанова
Јули, 2024