Марија Јанева
1 July 2020
Нордиски UWC на Црвениот Крст, 2020-2022
Здраво на сите! Јас сум Марија Јанева и од оваа година ќе бидам ученик во UWC Red Cross Nordic. Последниве три години ги поминав како ученик во германската паралелка во Георги, а голем дел од времето може да ме забележите како дебатер во МОФ, на мојот розев точак или размуабетена меѓу луѓе. Уживам во хип хоп музика, пишување и активизам, а особено ме привлекуваат општествените науки.
Сакам предизвици и нови искуства, па затоа едвај чекам да стигнам на кампус и да започне моето UWC патување!