Стефан Ангелевски
UWC Ли По Чун, 2006-2008
Шеснаесет години во Скопје, две години во UWC, четири години во Brown University, осум години во Microsoft Surface... Да, тие две години во UWC Ли По Чун се најтрансформативни во мојот живот. Се ми беше интересно во UWC, особено во активностите за кои некои ликови во UWC беа целосно посветени и многу од тие интереси ме следат и денеска.
Покрај примарната струка, софтверско/хардверско инжинерство, секогаш сакам да прочитам нешто поврзано со образование, економија, политика, историја, уметност, социјална психологија... Уште повеќе уживам да ги дискутирам сите тие, а секако и други теми до раните утрински часови без никаков план; нешто што се случува секогаш кога ќе се сретнам UWC ученици или алумни.
Сеуште ја користам адресата stefanlpc@gmail.com како примарно место за електронска комуникација, и покрај тоа што не сум ни прв, ни единствен Стефан во LPC. Секогаш сум заинтересиран за препораки за статии, книги, музика и филмови, а особено за време на COVID-19 карантин за online hangouts.