Петар Митревски
Нордиски UWC на Црвениот Крст, 2000-2002
Петар се роди во Битола, каде што ги искачи сите планини во околината и почна да бара опции во странство. Неговото меѓународно искуство почна откако виде оглас за UWC стипендии во Дневник. Петар учеше во Нордискиот UWC на Црвениот Крст. Тука многу му се допаднаа училишните предмети, нуркањето, планинарењето, службата за животната средина, и секако, луѓето. Откако ја заврши меѓународната диплома, Петар студираше во Мидлбури Колеџ во Вермонт откаде дипломира со степен по компјутерски науки. Откако стажираше во Мидлбури и после неколку работни места, Петар одлучи да остане во Вермонт (а во исто време планинарењето во Вермонт не беше лошо). Сепак, недоволниот број на планини во Вермонт го натера да почни да скија (нордкиски) и да трча (рекреативно). Исто така, Петар заврши магистерските студии по IT менаџмент во Чемплен Колеџ. Во моментот, тој е привремен директор на кориснички служби во Мидлбури.