Мартин Наунов
25 May 2019
UWC Ли По Чун 2011-2013
Мартин е истражувач во Прашкиот институт за безбедносни студии. Претходно има работено во правниот тим на медиумската компанија Херст во Њу Јорк, каде помагаше со правни случаи кои инволвираат новинари и медиумската индустрија. Мартин исто така има работено во Transparency International, во УСАИД, и како истражувачки асистент во универзитетот Џонс Хопкинс и колеџот Мидлбери во САД. Го интересира академска кариера, и истражувачките интереси му вклучуваат популизам, демократија, и поддршка за екстремни десничарски движења.