Marija Panova-Qu
UWC на Јадранот, 2007-2009
Greetings from Botswana!
Јас сум Marija Panova-Qu од Гевгелија и сум поранешна ученичка на UWC на Јадранот (07/09).
Исклучително уникатната програма и мултикултурната средина на UWC ми покажаа дека би сакала да го продолжам образованието на универзитет со слични карактеристики. Стипендијата Kofi Annan vo Macalester College во Минесота ми овозможи остварување на оваа желба.
Овие две извонредни образовни институции ми дадоа можност да искусам поразлични академски дисциплини, работни искуства, уникатни пријателства низ целиот свет, какви што не би ги имала ако не бев избрана стипендист на UWC на Јадранот.
Во Macalester College студирав Психологија, Лингвистика и Шпански Студии. За време на студиите, работев како Истражувачки Асистент на моите професори по Психологија, како и во Научниот Музеј во Минесота.
Изучување на странски јазици и светски култури, истражување во областа на Психологија, фитнес и патување се моите примарни интереси.
Денес живеам во Боцвана, Јужна Африка со мојот сопруг Daniel Qu кој е исто така поранешен студент на UWC (Waterford Kamhlaba) и на Macalester College. Имаме две ќеркички Mia & Eve. Нашите основни бизнис проекти се од типот меѓународна трговија на големо и мало, како и разни проекти на недвижности во Боцвана.