Илија Прачковски
UWC на Јадранот, 2008-2010
Моето име е Илија Прачковски и јас бев ученик на Светскиот Обединет Колеџ на Јадранот во периодот од 2008-та до 2010-та година. Искуството во UWC беше една авантура која ми отвори многу патишта во животот, ми створи пријатества кои ќе бидат за век, ми овозможи да запознаам безброј култури и ми помогна да стекнам знаења за кои ќе бидам засекогаш благодарен.
Благодарејки на UWC јас бев во можност да живеам, учам и работам во седум земји, но и да бидам инспириран да посетам многу други. После UWC јас студирав и стекнав две дипломи на Факултетот по Политички Науки и на Факултетот по Меѓународни Студии при Макалестер Колеџот во Саинт Пол, САД. Додека бев на Макалестер Колеџот, јас имав можност и да го подобрам мојот германски со тоа што се изборив за семестарско студирање во Германија и Австрија.
По студирањето во САД јас станав Магистер по Јавна Администрација (Master of Public Administration) на Факултет за Јавна Политика при Централно Европски Универзитет во Будимпешта, Унгарија на кој студирав како добитник на Метју Нимиц Стипендија. За време на моите магистарски студии на Факултетот по Јавни Политики, успехот со кој најмногу се гордеам е мојата консултантска работа за Меѓународната Кризна Група (МКГ) како дел од мојот 18 месечен магистарски проект. Како дел од овој проект јас поминав и три месеци во Јужно Африканската Република каде се стекнав со практично искуство во анализирање на кризни ситуации во светот од врвен аналитичар кој ја водеше канцераријата на МКГ во Јоханесбург.
Денес живеам и работам во Белгија. Моментално сум проектен координатор за консултантска компанија во Брисел, и сум одговорен за координирање на голем број проекти од, и во името на, Европската Комисија.
Инаку во слободно време уживам да патувам, гледам филмови и играм голем број на друштвени игри.