Божидар (Бобо) Станковиќ
UWC Роберт Бош Колеџ, 2014-2016
Бобо ужива да запознава пријатели. Првпат започна со запознавање во „Јахја Кемал“ и Младинскиот образовен форум (МОФ) во Скопје. Набргу потоа, преку дебатата и програмирањето, продолжи да запознава пријатели од Балканот -- дури и помагајќи со организирањето на летни академии наречени „Networking 101.“
Двете години во Германија за Бобо беа трансформативни -- му покажаа дека може да има пријатели од целиот свет! Во потрага по уште пошироки заедници, Бобо го продолжи образованието на Универзитетот Принстон, каде студираше политичка наука и статистика. Таму, за да помогне со градењето заедници, Бобо работеше како бариста во студентското кафуле и како туристички водич, а беше и гордиот основач (и, притоа, единствениот член), на Здружението на Македонци на Принстон.
Бобо е сега стипендист на Академијата Јенчинг во Пекиншкиот Универзитет, каде проучува социјална мобилност користејќи квантитативни методи. Ама не заборава да ја одржува мрежата на пријатели -- има цел да се чуе со барем еден пријател секој ден.