Премини на содржината ↓

Ива Ангеловска

16 August 2024

е голема авантуристка

Кога разговорате со Ива, добивате чувство како да разговарате со еден светски патник, кој што со многу интроспекција и емпатија ќе ви ги раскаже своите авантури низ светот. За секоја држава и за секое местенце што Ива ги има посетено, толку умешно и  живо ги доловува, што без сомнеж по разговорот ќе добиете впечаток како и вие да сте патувале минатото лето низ Југоисточна Азија. Ива, не само што патува туку и ги доживува овие места на еден поинаков и уникатен начин, што толку живо го доловува во нејзините разговори, анализирајќи ги и регфлектирајќи на своите патувања, што без сомнеж ќе почнете да пребарувате летови до Малезија наредната минута. 

Кон ригорозната и „страшна“ меѓународна матура Ива пристапува со леснотија, на оваа 16 годишна средношколка системот на меѓународна матура и е веќе позната територија, веќе од градинка.Израсната најголемиот дел од нејзиниот живот во Грузија,  „официјален јазик“ кај неа дома е „смешна мешавина“ на словенските јазици: Македонски, Српски и Руски како што и самата раскажува.  Со Ива може да комуницирате и на Грузиски кој што морала да го научи во 6то одделение, а со оваа средношколка лесно ќе се разберете и на Германски и за една година од сега на кинески, бидејќи на колеџот  во Чангшу ќе изучува Кинески како странски јазик.  

По матурирањето во Кина, Ива се гледа себеси во Америка. Или во Европа. Или  можеби и во Кина. Би сакала да продолжи да ја изучува нешто во областа на  нуклеарна eнергија и одржливост. Како што и самата раскажува,мојата креативност не се совпаѓа со ниту една канцелариска работа.“ 
Ива е возбудена за нејзината нова образовна авантура во Кина, иако можеби ѝ е малку жал што ги напушта професорите во нејзиното училиште во Грузија, за кои вели дека колку и да биле среќни што  заминува, подеднакво биле и лути што ги напушта! Ќе ѝ фалат и пријателите кои уште од сега имаат покана да ја посетат во Кина, а исто и фамилијата Од UWC Чангшу имаат ограничување на 2 куфери, за кои што Ива уште од сега имаше испланирано што ќе стави во секој нив. Еден полн со алишта, а тој другиот полн со  работи што и будат спомени и ќе ја потсеќаат на домашните и пријателите што ги напушта во Грузија. Нас ни преостанува да бидеме во исчекување  колку куфери ќе и бидат потребни за да ги спакува сите спомени на крајот од оваа нова академска авантура.

Нела Честојанова
Јули, 2024