Јордан Соколоски
Пирсон UWC на Пацификот, 2007-2009
Роден во Скопје, но како мал дојден во Германија, уште тогаш почнав да живеам помеѓу две култури. Затоа и логичен чекор беше да ја напуштам и таа земја и го продолжам моето образование на Пирсон UWC на Пацификот во Канада, заедно со 200 соученици од 100 држави.
Таму, иако нашите животни искуства не' разликуваа, љубопитноста, слободоумноста и амбицијата да се залагаме за подобар свет не' поврзуваа. Интересот во политичката економија ме наведе да продолжам на студии на Универзитетот на Чикаго во САД, каде што бев студентски асистент на центарот за источно-европски студии на проф. Виктор Фридман а за време на летен одмор стажирав во владата на мојата родна земја Македонија.
После студиите се вратив во Германија и стекнав искуства во банка и мултинационална корпорација. Следеа магистерски студии по менаџмент во Германија и Холандија, како и најсвежото искуство како стратешки консултант.
Во слободното време можете да ми се придружите да трчаме полумаратон заедно во било кој град!