Премини на содржината ↓

Милка Мурџева

16 July 2020

UWC на Јадранот, 2011-2013

Здраво!

Се викам Милка, и сум од Кавадарци, Тиквешкиот регион на Македонија - но покрај Кавадарци, сум поминала голем дел од моите формативни години на различни места, со различни групи, воглавно Скопје, Италија, Вермонт, и Њу Џерси, и сум поранешна ученичка на UWC на Јадранот од 2011 до 2013 година.

Шансата да учам во странство, во училиште како UWC ми беше воедно желба и цел - сметав дека искуството во нова средина, општо секое ново искуство кое не дели од нашиот статус кво може да има голем придонес за карактерниот раст на секого, но пред сѐ, искуството како UWC пружеше единствена и уникатна шанса да не биде искуството само нова средина, но глобална изложеност на мнозинството култури низ цел свет - давајќи ми прилика да запознаам, да се дружам, и да учам од мои соврсници кои делеа искуства од повеќе од 150 земји низ цел свет.

Покрај UWC, моите хобиња и интереси знаеа да се сменат со расположение, но секогаш останаа неколку на кои често се оддавав комплетно - цртање, и логички игри и програмирање - па можеби бев преодредена за како ќе продолжам академски и професионално во мојот живот. Покрај зајакнувањето на моето интернационално искуство, UWC ме спрема не само за живот низ различни земји, како дел од мултикултурни заедници, но ме спрема и за академскиот успех за кој стремев, со достапноста на професори експерти во своите полиња, мали класеви каде секој ученик присуствува и има можност за прашања и дискусија, и ресурси кои дозволуваат темелно изучување на предметите кои ќе ги изберат.

Пред да одам на UWC, бев убедена дека сакам да учам одреден предмет, кој се измени неколку пати во наредните години откако дозволив да искусам повеќе предмети кои не би имала прилика да ги учам на ист начин, или воопшто, додека бев во Македонија. После UWC, следуваа 4 години на Middlebury College, од каде земав диплома со 2 насоки: Компјутерски науки и програмирање, и Економија. Моментално работам и живеам во Њу Џерси, и се надевам да продолжам на една од Магистерските програми по Компјутерско Инжињерство кои ги следам моментално.

Во слободно време, обожавам да читам и слушам книги, да цртам, да гледам филмови, да дознаам и слушам нова музика, играам тимски спортови како кошарка, тенис, одбојка, фудбал, ангажирана сум и во соло рекреативни спортови, едрење, планинарење, скијање (нордиско, во кое имав шанса да завршам маратон додека бев во UWC од 38 километри, Gran Fondo Val Casies, со други студенти од колеџот; и спуст скијање, по кое бев инструктор на колеџот,) и обожавам да патувам и да искусам нови локации насекаде низ светот. Секогаш сакам да запознавам нови пријатели, и познаници, и да споделуваме мислења или да разговараме за темите што не инспирираат или интересираат, па слободно можете да ме најдете и контактирате на социјалните мрежи по моето име, или да ми пуштете е-маил на murdjevam@gmail.com