Премини на содржината ↓

Оливера Каменаровска

29 June 2021

Пирсон UWC на Пацификот, 2019-2021

Здраво! Јас сум Оли и последниве две години ги поминав во Британска Колумбија, учејќи во Пирсон. Моето искуство во UWC е нешто кое зборови не можат да го опишат, па затоа имам илјадници фотографии и видеа по кои се надевам засекогаш ќе ги паметам моите денови на Пацификот. Нештата кои ги научив и искуствата кои ги поминав овие две години се голем дел од личноста која сум јас денес и личноста која се надевам да бидам во иднина. Луѓето кои ги запознав се причината што денес, повеќе од било кога, гледам надеж во нашата иднина! Театар, морска биологија и мојата љубов кон филмот се нешта кои Пирсон ми даде можност да ги осознаам и научам на начин кој никогаш нема да го заборвам.