Премини на содржината ↓

Ивана Буџаровска

14 September 2023

UWC Мостар, 2018-2020

Ако би требала да се опише со еден збор, Ивана би одговорила со ‘посветена.’ Отсекогаш била заинтересирана во мал милион работи истовремено, но секогаш посветена на сите подеднакво. Во моментот студира бизнис маркетинг и медиумски науки на Lake Forest College во близина на Чикаго, со идна аспирација да научи повеќе за дата анализа. Близината до Чикаго ја смета за идеална, тврдејќи дека е најдобриот поголем град во САД поради автентичната храна од секоја култура, многубројните музеи, музиката и топлата заедница. Во слободно време обожава да чита coming-of-age книги, да убедува луѓе да инсталираат TikTok зашто верува дека е уникатен и ненормално моќен социјален медиум, и да го планира нејзиното идеално патување во Јужна Кореја со друштво. Фамилијата и е на прво место и не поминува ден без да и раскаже на мајка и нешто ново за САД.

Mostar  2020