Оли Каменаровска
Пирсон UWC на Пацификот, 2019-2021
По матурирањето на UWC Пирсон во Канада, Оли помина четири месеци живеејќи и учејќи на брод, како дел од програмата Semester at Sea. После нејзината gap year, Оли ги започна нејзините студии по филм и медија на Колорадо Колеџ во Колорадо, САД. Како студент во втора година, Оли нема премногу време надвор од академските обврски, но она слободно време кое го има, го поминува со другари, играјќи кошарка или учејќи тапани. Како филмаџија, нејзината цел е да режира и води продукција на филмови кои тематски се фокусираат на социјални проблеми во општества кои не се често репрезентирани на телевизија. А кога станува збор за гледање филмови, таа обожава да гледа најразлични жанрови: се од акциони филмови со Jason Statham, до документарци околу музички фестивали.