Кралица Нур од Јордан
31 March 2017
Претседател на UWC
Нејзиното Височество, Кралицата Нур од Јордан е сегашниот претседател на UWC движењето. Таа се придружи во 1995-тата година, откако ја превзема улогата од Чарлс, Принцот на Велс. Таа е родена во Вашингтон во Арапско-Американско семејство, и ги поминала последните 40 години во јавното око и во помош на јавноста. Голем дел од нејзината работа, и во Јордан и во странство, се фокусира на образование, човекови права, одржлив раст, и интеркултурно разбирање. Преку нејзината поддршка за зајакнување на младите, женските права, и уметноста, Кралицата Нур постојано ја покажува нејзината посветеност кон позитивна општествена промена, градење мир и решавање на конфликти. Нејзината ќерка беше ученичка во UWC Атлантик Колеџ.