Премини на содржината ↓

Ивана Петковска

29 June 2021

UWC Мастрихт, 2021-2023

Поздрав! Се викам Ивана Петковска и живеам во Скопје. Имам 17 години и првите две години средно училиште ги завршив во СУГС Орце Николов. За себе ќе кажам дека сум добро организирана, високо мотивирана, љубопитна личност која ужива во предизвиците на учење и работење во динамична околина. Имам силни комуникациски вештини, детално ориентирана, одговорна, отсекогаш ме погодувале неправдите, чуствувам емпатија кон луѓето на кои им е тешко и сметам дека ми е должност лошите работи да ги менувам со дирекна акција. Од свои 14 години сум еко-активист и учестувам во сите акции за зачувување на животната средина. Ја сакам природата, патувањата, уживам да одам во кино и театар и не пропуштам добар концерт.

Можноста своето образозование да го продолжам во UWC Maastricht со наставна програма која дава можности да истражуваме, креираме, и развиваме социјални, емоционални и креативни способности ме прави бескрајно среќна и благодарна за новите животни предизвици.