Премини на содржината ↓

Саша Стојанов

5 August 2020

UWC на Атлантикот, 1979-1981

Саша го започнува своето долгогодишно интеркултурно искуство кога, од Скопје, е избран за UWC на Атлантикот -- првиот Колеџ во движењето -- во 1979-та година. Тоа го прави еден од првите алумни од државата! 

Образованието го продолжува во САД, на Northwest Missouri University, каде студира меѓународен маркетинг. Магистрира во меѓународен менаџмент на Thunderbird School of Global Management во Аризона, и со тоа започнува скоро 30-годишна кариера во светот на маркетинг, продажба и финансии. Саша поминува 25 години работејќи за корпорацијата Whirlpool, искачувајќи се од позицијата на финансиски аналист па се' до генерален менаџер за Карибите и Латинска Америка. 

Моментално, Саша живее во Флорида и работи како преведувач и толкувач за клиенти на фирмата LanguageLine Solutions.