Јулија Миладиновска
UWC Мостар, 2011-2013
Јас сум Јулија од Куманово, поранешна ученичка на UWC Мостар од 2011-та до 2013-та година. UWC за мене беше предизвикувачко и трансформативно искуство. Ми даде уникатна можност да живеам, учам, раснам, и формирам врски со креативни, амбициозни луѓе од целиот свет. Тие врски ми помогнаа да ја разберам важноста на поддржување и помагање на пријателите каде и да се, и ќе влијаат на мене со години.
UWC како фантастична отскочна даска, и мојот интерест во природни науки ме спреми да го продолжам моето образование на Универзитетот во Флорида во САД, каде студирав микробиологија. Освен наука, ме фасцинираат и светските култури. Ги комбинирав тие интереси и се преселив во Израел, каде што можев да работам и да ја запознавам локаланата култура, а во исто време и да го продолжам наследството на UWC Мостар помагајќи во реконструкција на конфликтно општество преку работа во меѓународно училиште во Тел Авив, со ученици од Блискиот Исток, средоземноморскот регион, како и од целиот свет.
Моментално работам кон добивање диплома во областа на инженерство на материали, додека работам во Истражувачки институт во Љубљана, Словенија. Во слободното време, можете да ми се придружите на пливање, или возење велосипед низ прекрасните, динамични пејзажи на Словенија.