Премини на содржината ↓

Јана Кралева

1 July 2021

UWC Роберт Бош, 2019-2021

Јана го продолжува нејзиното образование на St. Olaf College во Нортфилд, Минесота, каде ќе се насочи на политички науки. За неа е многу важно да одржува контакт со другарите - тие во Скопје и тие низ целиот свет. Освен тоа, таа игра кошарка рекреативно, ужива да слуша рок музика и се труди да свири гитара. Нејзино главно превозно сретство е нејзиниот велосипед и со него многу одговорно се движи низ улиците на Скопје за време на распусти. Таа има пасија за изучување јазици, па освен англиски и германски, почна да го учи и шпанскиот јазик, инспирирана од најблиските другари, и не сака да запре само на тие три. Јана во иднината ќе се стреми да заврши и постдипломски студии во областа на криминологијата и се надева дека наскоро ќе може да ги посети и/или пречека сите најблиски другари кои моментално живеат на четири континенти.

2021  RBC