Христина Гуркина
Нордиски UWC на Црвениот Крст, 1999-2001
Христина Фиданоска реши да го напушти родниот Ресен и нејзината успешна кариера како натпреварувачка по математика од регионални, државни, Балкански и Светски размери кога доби целосна стипендија за студии на Светскиот Обединет Колеџ во Норвешка.
Нејзиниот секојдневен живот во Норвешка беше под притисок за одбирање на идна професија во еден од избраните предмети: хемија, биологија или математика. Љубопитноста во изучувањето на германскиот јазик ја одведе Христина на студии во Бремен, Германија. Тука таа се стекна со магистерска диплома по информатика и искуство како локален водич на Меѓународната Математичка Олимпијада која се одржа во Бремен во 2009 година.
Христина денес работи во осигурвање на квалитетот на софтверот. Слободното време го поминува со своето семејство: сопругот Дмитри Гуркин, ќерките Лидија и Ана, со кои ужива да готви, музицира или слика.