Елена Пановска
UWC Ли По Чун, 2019-2021
Здраво идни апликанти, исплашени родители и љубопитни истражувачи! Ова е Елена Пановска, оригинално од Јосип Броз Тито, а потоа од UWC Ли По Чун во Хонг Конг. Инспирација најмногу добива читајки проза, а сатисфакција од трчање и секакво спортување. Математиката ѝ оди најлесно, а омилен предмет што го изучуваше двете години на UWC е економија. Ужива во природата и активно се грижи за неа. Сака да влегува во долги формални и неформални дебати за се и сешто, а најдобро се одмара слушајќи музика. Многу сака да има милениче, но бидејќи кампусот не го дозволуваше, тоа си купи плишана мачка. Сака да е информирана за што се случува во светот, па бидејќи беше во Хонг Конг во мошне значаен период, доби можност да добие нова перспектива за целата ситуација. Секогаш е отворена за прашања околу UWC и расположена за разговор. 再見 (Чао)