Премини на содржината ↓

Андреј Антуновиќ

29 June 2021

UWC Дилиџан, 2019-2021

Андреј е првиот ученик од Македонија кој заврши на UWC Дилиџан. Неговите амбиции се во областите на компјутерската техника и лингвистиката. Моментално студира на универзитетот Case Western Reserve во Охајо, САД, и планира да ги продолжи своите студии на постдипломско ниво во Европа. Најглавните вредности во кои верува се интегритетот и личната одговорност, а исто така цени тимски напор и труд во достигнувањето на било каква цел.