Премини на содржината ↓

Ивана Јордановска

18 June 2019

UWC Мостар, 2008-10

Јас сум Ивана од Куманово, поранешна ученичка во UWC во Мостар од 2008 до 2010-та. UWC ме подготви совршено за продолжување на моето образование на Институтот за политички науки во Париз (Sciences Po), каде што ги изучува трансатлантските односи. По завршувањето, се вклучив активно во невладиниот сектор во Северна Македонија преку работата на Младите Европски Федералисти (ЏЕФ). Од 2013 до 2015 бев член на Извршниот Одбор на ЏЕФ Европа.

Имам работено за Вестминстер Фондацијата за Демократија на регионална програма за зајакнување на надзорната улога на парламентите на Западен Балкан и во ОБСЕ мисијата во Босна и Херцеговина на програма за сузбивање на омраза и спречување на насилниот екстремизам. Од 2017-та до 2018-та бев советничка на Премиерот Зоран Заев за соработка со меѓународни организации. 

Од 2018-та сум стипендист на Фулбрајт програмата преку која студирам на магистерски студии по меѓународни односи на Њујорк Универзитетот. Моментално сум Програмски Менаџер за програмата "Жени во надворешна политика" на мрежата на млади професионалци во надворешна политика (YPFP) во огранокот во Њујорк.

2010  Mostar