UWC Образовен Модел и Принципи
“Во нас има повеќе од што знаеме. Само кога би го осознале тоа, би го поминале остатокот од животот не сакајќи да бидеме задоволни со помалку.“
Курт Хан, Основач на UWC
При срцето на специфичниот модел за образовние кој го нуди UWC е промислената разновидност. Овој принцип е познат и проширен помеѓу сите членови на UWC заедницата и е витален дел од секое UWC училиште и колеџ. Сите ученици ќе имаат корист од учење во разновидна средина полна со разновидности, која помага во проширување на нивниот ум и
себе спознавањето - заедно со стекнување на меѓународно призната квалификација.
Ние им помагаме на учениците да ја откријат можноста за промена. Учениците учат дека тие можат да го сменат светот со храбри постапки, поставување на личен пример и несебично лидерство. Ние ги подржуваме младите луѓе во процесот при кој тие го постигнуваат својот интелектуален, морлен, естетски, емоционален, друштвен, душевен и физички потенцијал.
Онаа што учениците го учат се раководи од седум принципи, кои ја претставуваат нашата посветеност на едукацијата на личноста како целина. Принципите се востановени со идеите за потрагата по мир, одржливост и социјална правда, нашата основачка цел.
-
Образованието треба да се одвива во разновидна средина. Учениците треба да бидат избрани од региони и социјални групи кои одразуваат широк спектар на тензии помеѓу луѓето.
-
Образованието бара активно промовирање на интеркултурно разбирање и развој на искрена грижа за другите, засновано на заеднички животни искуства и соработка и заедничко живеење. Тоа вклучува разговор и ангажирање за глобалните проблеми во потрагата по мир.
-
Физичкото здравје и здравиот стил на живот се интегрален дел од развојот на една балансирана личност. Нездравиот животен стил го лимитра човечкиот потенцијал.
-
Интеракцијата во заедницата е сржта на животот на колеџот/училиштето. Тоа бара целосно и активно учество на сите членови во едно училиште или колеџ.
-
Учениците треба да бидат способни да преземаат позитивни активности за прашањата за одржливост и на институционално и на лично ниво.
-
Учениците мора да имаат можност да практикуваат лични иницијативи, самодисциплина и одговорност, да управуваат со ризици и да прифаќаат предизвици. Каде што е соодветно, овие можности треба да бидат подржани со присуство на возрасна личност.
- Се препознава фактот дека секој поединец има уникатни таленти и способности. Сите училишта/колеџи треба да имаат програми кои ќе им помогнат на учениците да го развијат својот личен потенцијал.
Сите наши училишта и колеџи ги делат вредностите и мисијата на UWC, но сите функционираат различно, со карактеристични локални и регионални идентитети. Моделот за образование на UWC пружа заедничка рамка во која што сите училишта и колеџи функционираат. При тоа, нема заедничи определена наставна програмата, туку централниот комитет на UWC се фокусира на уникатниот пристап при образованието кој секој колеџ го развива.