Премини на содржината ↓

Климент Серафимов

5 June 2019

UWC на Јадранот, 2013-2015

Поздрав! Јас сум Климент. Учев во UWC на Јадранот од 2013-та до 2015-та и тоа искуство ми докажа дека најголемата промена во опшеството може да се донесе преку фундаментална ревизија на образовниот систем. Заради тоа искуство, заедно со Ана Арсовска, Божидар Станковиќ и Исидора Цветковска, организиравме две интернацијални академии од сличен карактер на UWC во 2015 и 2016 под името Networking 101: International Youth Networking Academy. Како резултат на успехот на тие две академии, одлучив да земам еден семестар пауза од моите студии на Масачусет Институтот по Технологија во есента од 2016-та година, и заедно со ко-основачот Стефан Лозановски и предавачите Слаѓан Станковиќ и Димитар Треневски го основавме Школото на Иднината. Школото на Иднината има за цел да го подобри образованието во Македонија и ние докажуваме преку личен пример дека ова е возможно и се исплати. На Јуниорската Македонска Математичка Олимпијада во 2019та нашите ученици освоиjа 16 од 20-те доделени медали. Овој успех е олицетворение на мотото на UWC: UWC makes education a force to unite people, nations and cultures for peace and a sustainable future.

Покрај претрпиемништво во образование, другата примарна пасија во животот ми е истражување во вештачка интелегенција, алгоритми, и дата структури. Моментално сум практикант во Microsoft Research, и работам на имплементирање на алгоритми за размислување во невронски мрежи под менторство на Алекс Полозов. Исто така, на Масачусетс Институтот по Технологија сум додипломски истражувач во лабораторијата за компутациони когнитивни науки предводена од Професорот Џошуа Тененбаум. Како еден од проектите во лабораторијата бев ментор на Мартин Динев, ученик на Школото на Иднината, кој имплементираше педагошка платформа за предавање алгоритамско размислување на основци. Со тој проект во 2019-та година, Мартин освои сребрен медал на Инфоматрикс, интернационален натрпевар по проекти во Романија.

Во слободно време возам точак, тренирам качување по карпи, и уживам да пешачам на места со убава средина (во градови или во природа). Што имам приметено дека е различно за мене споредено со повеќето луѓе е дека ставам цел степен на големина повеќе важност на интензивни искуства, функционален комфорт, и козмички симболизам. Овој животен стил има природно донесено надвор-од-вообичаени, пријатни, и авантуристички искуства околу мене. Исто така ме интересираат теми од филозофија на јазик, теорија на ум, и социјална психологија.

За мојата идна кариера планирам да работам на апликација на програмска синтеза на проблеми во образование, како на пример автоматско прегледување домашни/тестови со објаснување. Исто така во обратната насока, користење на програмска синтеза како педагошки алат во образование.

Повеќе од мило би ми било да ви ги слушнам и вашите интереси, приказни, и амбиции, така да слободно контактирајте ме (телефон: +1 617 650 5125, емаил: kliment@mit.edu, или на Facebook). Многу сум опуштен и отворен кон запознавање нови и интересни луѓе!