Премини на содржината ↓

Кристијан Фидановски

8 August 2018

UWC на Јадранот, 2012-2014

Кристијан го разбира светот како поле за интелектуален натпревар помеѓу луѓето. За Кристијан, овој натпревар започна со школувањето на UWC и продолжи за време на неговите додипломски студии по политички науки во Лондон и неговата магистратура во областа на источноевропските студии во Вашингтон. Моментално, Кристијан е дел од докторската програма на катедрата за социјални политики на Оксфорд, каде проучува политики за зголемување на стапката на наталитет во Источна Европа.

Омилениот тениски удар на Кристијан е пасинг шот на форхенд дијагонала, а омилена песна на караоке – Crazy Little Thing Called Love. Кристијан обожава сѐ што доаѓа од поранешна Југославија (освен Новак Ѓоковиќ), но не сака политичка коректност и слики од храна на Инстаграм. На Кристијан му имаат кажано дека е позабавен на италијански, но дека сепак звучи малку попаметно на англиски.