Премини на содржината ↓

Историјата на UWC

Во турбулентиот свет на 21-виот век, целите на UWC се еднакво релевантни како и во 1962 - можеби и поважни од порано. 

UWC движењето беше основано во 1962-ра година кога Атлантик Колеџот во Јужен Велс ги прими своите први ученици. Случувајќи се за време на врвот на Студената војна, целта на училиштето беше да донесе млади ученици од различни држави и да им овозможи да дејствуваат како амбасадори на мир преку нивната едукација базирана во заедничко учење, колаборација и разбирање.  

Образовниот концепт на UWC се основа на идеите на Курт Хан, кој е еден од основачите на модерното UWC движење. Хан веруваше дека училиштето треба да биде подготовка за животот -- не само за универзитет -- и дека образованието треба да им помогне на учениците да развијат издржливост и способност да искусат и неуспех и успех. 

Основањето на UWC во 1962 година беше кулминацијата на образовната мисла на Хан. Хан беше пионер во образование, и некои од неговите поранешни иницијативи ги вклучуваат училиштето Салем во Германија и “Outward Bound". Во 1958 година, за време на конференција во НАТО Колеџот за одбрана, Хан беше инспириран од соработката која ја забележал помеѓу поранешни непријатели во втората светска војна. Тој мислеше дека доколку може да едуцира млади луѓе од целиот свет заедно, може да запре идни конфликти. UWC движењето се роди токму од оваа верба во моќта на образованието да го смени светот, и има мисија да го направи образованието сила за обединување луѓе, нации и култури за мир и одржлива иднина. 

Оттогаш, UWC движењето е посветено на обезбедување предизвикателно и трансформативно образовно искуство на ученици, за да ги инспирира да станат агенти за позитивна промена и да создадат помирна и поодржлива иднина. 

November 2017

No news stories have been added to this category yet.

Timeline

UWC Денес

18


Постојат 18 училишта и колеџи

150


Повеќе од 150 држави имаат национални комитети

60,000


Повеќе од 60,000 ученици од над 180 земји имаат учено во UWC училиштата, колеџите и летните школи