Премини на содржината ↓

За што се користат донациите?

UWC движењето е посветено да обезбеди шанса за што е можно повеќе ученици да искусат UWC образование без разлика на националната, социоекономската, културната, расната или религиозната позадина. UWC го постигнува ова преку избор врз основа на потенцијал и заслуги и преку понудата на стипендии. За да ја продолжи оваа работа, UWC се потпира на донации од поранешни ученици и заинтересирани индивидуалци, фондови, фондации, компании и влади. 

Донација кон UWC Македонија ќе помогне да се обезбедат образовни можности за младите во државата. Вашата донација би се искористила на еден од три начини: финансирање стипендија, помош со плаќање на ученички трошоци, или финансирање на логистички операции. 

Стипендии - UWC движењето нуди стипендии на Националните комитети секоја година, но тие се некогаш нецелосни. Со директна донација кон македонскиот Национален комитет, можете да помогнете во финансирањето на дополнителни UWC стипендии и да обезбедите повеќе можности за UWC ученици од државата. 

Додатни трошоци - Стипендиите обезбедени од самите колеџи ги опфаќаат школарината, престојот и храната, но често постојат и други трошоци поврзани со присуство на UWC. Трошоците за визи, меѓународни летови и воншколски активности се од витално значење за образовното патешествие на учениците, но се обично недостапни за оние кои имаат најголема потреба. Вашата донација би помогнала да се осигуриме дека успешно ќе ги допреме и ќе им обезбедиме можности на учениците и од најсиромашните делови на општеството. 

Оперативни трошоци на Националниот комитет - UWC Македонија е раководено од посветени доброволци кои не добиваат плата за нивната работа. Сепак, на на Националниот комитет му се потребни средства за трошоци како: промовирање на UWC движењето во медиумите, допирање до ранливи заедници кои инаку не би чуле за можностите кои UWC ги нуди, и наоѓање локација за спроведување на интервјуата.

Преку трансфер на нашата сметка во банка
 
Преку Меѓународната Канцеларија на UWC  
Од Соединетите Американски Држави  
Give through PayPal