Премини на содржината ↓

Донации

Ви благодариме за поддршката!

UWC се стреми да обезбеди можност за образование без разлика на националната, социоекономската, расната или религиската позадина на учениците. Ова го постигнува преку селекција која се базира на потенцијалот и постигнувањата на кандидатите, и понуда на стипендии врз база на потребата на нивните семејства.

Движењето не би можело да функционира без донации од алумни, фондации, компании и влади. За да ни помогнете да продолжиме да овозможуваме стипендии, подолу можете да најдете неколку начини за донирање.
 

Ви благодариме за помошта! 

Преку трансфер на нашата сметка во банка
 

За трансфер од надвор од државата

Деталите за нашата сметка се:

SVETSKI OBEDINETI KOLEDZI Skopje
0270100355075; Komercijalna banka AD Skopje    
IBAN: mk07300701003550749
Swift: kobsmk2x

 

За трансфер од внатре во државата

Деталите на нашата сметка се:

SVETSKI OBEDINETI KOLEDZI Skopje
300000004271916; Komercijalna banka AD Skopje

 

По донирање, за полесно да следиме колку средства се донирани, пополнете го овој краток формулар.

Преку Меѓународната Канцеларија на UWC  

Можете да донирате преку Меѓународната канцеларија на UWC, по што средствата ќе бидат префрлени кај Македонскиот национален комитет. Едноставно изберете "UWC Macedonia" во менито под "Designation". 

Инструкции за донирање преку Меѓународната Канцеларија на UWC:

  • Изберете ја сумата која би сакале да ја донирате
  • Решете дали сакате да направите единечна донација, или би сакале донацијата периодично да се повторува (пр. секој месец)
  • Под “Designation", изберете UWC Macedonia
  • Внесете ги вашите лични податоци
  • Изберете го начинот на плаќање
  • Доколку донирате како дел од нашата Заедница на пријатели, пополнете го овој формулар за да го евидентираме вашето членство :)
  • Доколку донирате со друга цел, пополнете го овој краток формулар

Напомена: понекогаш се случува веб страната да ја обележи донацијата како ризична. За да се избегне таква ситуација, осигурајте се дека IP адресата од која ја посетувате страната соодветствува со адресата на картичката што ја користите. Доколку сепак се соочите со овој проблем, контактирајте не'.

Од Соединетите Американски Држави  

Ако живеете во САД, можете да направите "tax-deductible" донација преку веб страната на UWC САД. Чекорите се:
 

  • Изберете ја сумата која сакате да ја донирате
  • Изберете дали донацијата ќе биде единечна или ќе се повторува периодично
  • Под "What would you like your donation to support?", изберете "A National Committee"
  • Под "Purpose (optional): Scholarships, Endowment, Facilities, Specify National Committee, etc.", напишете Macedonian National Committee
  • Доколку донирате како дел од нашата Заедница на пријатели, пополнете го овој формулар за да го евидентираме вашето членство :)
  • За да следиме колку средства се донирани, пополнете го овој краток формулар
Give through PayPal  

Меѓународната канцеларија исто така дозволува донации преку PayPal.

Доколку донирате како дел од нашата Заедница на пријатели, пополнете го овој формулар за да го евидентираме вашето членство :)

За да следиме колку средства се донирани, пополнете го овој краток формулар

Donate via PayPal