Премини на содржината ↓

Марија Атанасова

2 September 2022

е конзистентна

“Се будиш на 15 декември, 2021 година и брзо сфаќаш дека си невидлив/а. Луѓе во близина можат да те чујат кога зборуваш, но никој не може да те види. Што би направил/а?”. Марија, составуваќи го својот креативен есеј на оваа тема како дел од нејзината апликација, презеде различен и оригинален пристап. Читајќи го во ноември минатата година, уште тогаш сфатив дека наместо да опишува екстравагантни приказни и хиберболични хипотетики, Марија го опиша секојдневниот живот во месеците после нејзината невидливост. За неа, поинтересен е бескрајниот потенцијал на мали и секојдневни постапки како единствениот пат кон далекусежни постигнувања. Ова е есенцијата на Марија – нејзиниот живот е околу тие мали (но секојдневни) избори. 

Оттаму произлегува нејзиниот успех во математиката – таа неуморно вежба нови задачи и се надргадува (најмногу ја влече комбинаториката). Последователно, Марија редовно се натпреварува, претставувајќи ја државата веќе неколку години на европско и меѓународно ниво. Нејзините бројни освоени медали се и природна последица на нејзината страст кон математиката – Марија ужива во решавање загатливи проблеми и применување логика и теореми. Откако во едно од интевјуата ни објасни за сеприсутната применливост на концептот на математичка инверзија, потрошив можеби предолго време во наредното интервју прашувајќи ја филозофски математички прашања. Воопшто не жалам за ова – со задоволство ги слушав промислените и зрели одговори: на пример, Марија знае да покаже зошто математиката е откриена, а не измислена.

Не можам да ги потрошам бројните примери за како Марија ја манифестира зрелоста и конзистентноста. Од нејзиниот животнен стил – вежба речиси секој ден и здраво се храни – до нејзиното веќе 10-годишно посетување на курс по англиски, кристално јасно ми е дека преку нејзината стоична дисциплина и моќна но контролирана пасија, таа го живее нејзиниот потенцијал. Во случај да помисливте дека Марија ја запоставува својата креативна страна, со вчудовиденост би ви кажал за нејзината умешност во сликање на платно со невообичеани материјали како кафе! Сепак, една слика вреди илјада зборови: 

Како вистински математичар и уметник, Марија знае да извлече незамислива убавина од наједноставните нешта. Со лист хартија и молив, Марија може да проанализира геометриски врски и да докаже фундаментална математичка вистина. Со неколку зрна кафе, знае да добие неколку нијанси на кафено и вешто да наслика портрет. Едвај чекам да видам што сè Марија може да направи со UWC искуството и брилијантната заедница која ја чека во Њу Мексико.

Илија Личковски, август 2022