Премини на содржината ↓

Илија Личковски

12 August 2021

UWC Мастрихт, 2017-2019

Илија е студент по физика на Универзитетот во Гронинген во Холандија, каде го продолжи образованието после матурирањето на UWC Maastricht и последователната gap year. Професионално, истражува чудни својства на некои материјали за целите на вселенската индустрија и се надева да придонесе кон транзицијата на човештвото кон нови светови. Љубител е на повеќечасовни полемики со пријатели, прошетки во градови со солидно урбанистичко планирање, и all-you-can-eat ресторани. Како кулинарен ентузијаст, често се обидува да зготви оброци почнувајќи од нула со различни степени на успех; но сепак, за навистина да направиш нешто од нула, мора прво да го создадеш универзумот.