Премини на содржината ↓

Ивана Стојанова

21 June 2021

UWC Махиндра, 2021-2023

Здраво! Јас сум Ивана и следните две средношколски години ќе ги изучувам во колеџот во Индија - UWC Mahindra. Мојата образовна авантура започнува во градот Кратово, а продолжува со трите поминати години во гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ во Скопје. Особено задоволство ми е изучувањето на природните науки, а покрај нив се и јазиците. Дел од работите што сакам да ги правам се шетање по планините во Кратово, истражување на убавините на мојот град Кратово, гледање филмови, пиење планински чај и читање на книга на тераса или пак одење на театар/кино во Скопје. Најчесто работите кои ги сакам ги правам со моето семејство и пријатели.

Обожавам да патувам и да истражувам за различните култури и храна и мислам дека Индија е токму местото за тоа.