Премини на содржината ↓
map

UWC на Источна Африка

Моши, Танзанија

500
(меѓу 3 и 20-годишна возраст)

Основан

1969

2 July 2019

Во летото од 2019-та година, UWC на Источна Африка за првпат добредојде ученици како 18-тиот колеџ и вториот на африканскиот континент. Колеџот бил основан како „Меѓунардното Училиште Моши“ во 1969-та година, и отворил втор кампус во Аруша во 1987-ма. Двата кампуси се во долината на две од најголемите планини на континентот.

Please enter some content for your news story here.

 Три уникатни карактеристики

  • Првото училиште со IB програмата во Африка - UWC на Источна Африка започна да ја нуди IB програмата во 1973-та година, што го прави колеџот настарото училиште со таква академска можност. Истовремено бил инструментален за создавањето и развитокот на IB програмата за основно училиште во 1980-тите.
  • Програма за надворешни авантури - Заеднички организирана од двата кампуси, оваа програма (оценета од 1-во до 5-то ниво) вклучува предизвикувачки експедиции до планините Хананг, Меру и Килиманџаро, како и полесни патеки. Овие авантури им овозможуваат на учениците да се здобијат со способности за планинарење, кампување, тимска работа и лидерство. Во секое ниво, на учениците им се придружуваат наставници кои се квалификувани да понудат прва помош за да се осигура максимална безбедност
  • Локација - Кампусите на UWC на Источна Африка се наоѓаат во планинската североисточна Танзанија, регион кој е познат за неговите национални паркови. Учениците можат да уживаат во сенката и зеленилото на планините, како и во брегот на Индискиот океан во историскиот град Пангани, каде училиштето поседува имот. „Кихара“ куќата во Пангани се користи за образовни екскурзии, како тие организирани од часот по географија за истражување на брегот, или од часови за општествени науки за подобро разбирање на историјата на регионот. Куќата е исто така достапна за ученици и наставници за време на распусти.  
Во училницата 

Колеџот ги нуди сите три IB програми, овозможувајќи образование на ученици од 3- до 20-годишна возраст. Исто така нуди поддршка на ученици со различни способности и специјални потреби, за кои е присутен специјализиран наставен кадар. Во сите програми, присутна е и поддршка за ученици кои го совладуваат англискиот јазик. 

Надвор од училницата 

UWC на Источна Африка нуди разновидни спортски активности, вклучувајќи пливање, кошарка, одбојка, рагби, футбал и атлетика. Студентски тимови се натпреваруваат во Килиманџаро регионот како членови на Атлетската асоцијација на Северна Танзанија. Училиштето исто така организира годишен спортски викенд, кој е посетен од повеќе од 1000 ученици од дузина училишта низ државата.

Сите ученици во основното и средното училиште мораат да учествуваат во активности за сервис и акција, или да организираат самоинициран проект. За Креативност, Активност, Сервис (КАС) програмата, поранешни проекти вклучувале образовни програми во локалната заедница и иницијатива за одгледување пчели во западен Килиманџаро.

Кампус  

Планината Килиманџаро е често во позадината на многуте спортски активности на двата кампуса на колеџот. Кампусот е проширен низ 15-тина хектари земја, и во него живеат ученици постари од 7-годишна возраст.Во 2019-та година, кампусот во Аруша отвори нова резиденција опкружена од двокилометарска трчачка трака.

Локација 

Двата кампуси се полни со флората и фауната на регионот, и често се посетени од мајмуни, ежеви, и најразлични птици. Имаат прекрасен преглед на планините, кои се шират со километри.

Упис 

Кандидатите аплицираат преку нивните национални комитети. За повеќе информации посетете ја нивната веб страна

 

 

You have not allowed cookies and this content may contain cookies.

If you would like to view this content please

 

Контакт детали


Moshi Campus 
Lema Road,
P.O Box 733 Moshi,
Tanzania
Arusha Campus
Dodoma Road,
P.O Box 2691 Arusha,
Tanzania

18 Колеџите
ширум светот