Премини на содржината ↓

Ангелина Цветковска

25 May 2019

UWC на Атлантикот, 2016-2018

Здраво. Јас сум Ангелина и во 2018 завршив на UWC на Атлантикот (Велс, Велика Британија). По UWC го продолжив моето школување во Холандија на универзитетот Лајден, кадешто моментално ги завршувам студиите по политички науки. UWC е за мене место кадешто разбрав што значи слободата, најдов пријатели какви што не знаев ни дека е возможно да се имаат, стекнав квалитетно образование и собрав еден мал милион приказни и животни лекции. Во секое време сум расположена да разговарам на тема UWC, така што ако имате прашања слободно пишете ми!