Премини на содржината ↓

Шелби Дејвис

31 March 2017

Покровител на UWC 

Шелби Дејвис е еден од најголемите поддржувачи на UWC движењето, и со неговото семејство е инволвиранo во UWC уште од 1998 година. 

По многу успешна кариера во во менаџирање фондови и инвестиции, Дејвис ги посветува своите финансии и лична енергија кон голем број филантропски цели со фокус на образование. 

Уште од доцните 90-ти години, Шелби Дејвис ги обезбедува средствава за 50 стипендии годишно за ученици од САД да присуствуваат на UWC. Од 50-те стипендисти, 25 учат во UWC САД, а другите добиваат места во останатите 16 колеџи. Во 2000 година, како додаток на неговата инволвираност во движењето, Дејвис ја започна програмата “Дејвис UWC студенти“, која досега има обезбедено универзитетски стипендии за повеќе од 7500 ученици на UWC кои продолжиле на еден од 90 американски колеџи и универзитети. 

Шелби Дејвис продолжува да го поддржува UWC движењето на многу начини, и во август 2015 година понуди да донира сума еднаква на вкупните средства донирани кон UWC. На тој начин, тој нуди двојно да ја зголеми секоја донација до 15 милиони долари. Како додатен предизвик за UWC заедницата, сите донации од поранешни ученици, нивните семејства, и индивидуални поддржувачи исто така ќе бидат удвоени, до вкупна донација од 1 милион долари по колеџ. Овој предизвик, наречен “Дејвис - Импакт предизвик“, се обидува да се увери дека UWC ќе продолжи да доделува места на учениците врз основа на нивните заслуги, без разлика на нивната социоекономска или национална позадина.