Премини на содржината ↓

Нелсон Мандела

2 July 2021

Почесен претседател на UWC

Многумина го сметаат Нелсон Мандела за таткото на модерната Јужноафриканска Република, и за еден од најважните луѓе во глобалната политичка историја. Тој беше првиот демократски избран претседател на Јужна Африка од 1995-та до 1999-та година. 

Како политички активист, затвореник, и лидер на кампањи за социјална првада, Мандела ја надгледуваше трансформацијата на неговата држава од нација поделена со бруталниот систем на апартхајд до “Нацијата на виножитото“ која ја гледаме денес. Тој беше првиот црн претседател на Јужноафриканската Република, и неговиот етос на помирување и дијалог наместо одмазда и поделба, што му донесе скоро-универзална поддршка. Откако ја доби Нобеловата награда за мир, заедно со повеќе од 250 награди, Мандела прво стана инволвиран во UWC движењето кога во 1995-тата година стана претседател заедно со Нејзиното Височество, Кралицата Нур од Јордан. 

Во 1999-та, тој стана Почесен претседател на UWC. Неговите деца и внуци беа ученици во UWC Ватерфорд Камлаба на Јужна Африка, што продлабочи неговата врска со движењето и нашите заеднички идеали за мир, меѓународно разбирање и одржлива иднина.