Премини на содржината ↓

Лорд Маунтбатен

31 March 2017

Поранешен претседател на UWC

Кога Лорд Луис Маунтбатен стана претседател на UWC движењето во 1967 година, тој беше еден од најважните дипломати и воени лица во неговото време.

Како дел од кралско семејство, Маунтбатен пораснал во истакнато воено семејство, со татко кој служел како “морски Лорд“ на британската морнарица во почетокот на Првата светска војна. Гледајќи што се случува во Првата и Втората светска војна, Маунтбатен се искачил во редовите на воените и дипломатските светови, ја превземал истата позиција како и татко му во 1954 година, и станал лидерот на британските вооружени сили во 1959 година. Кога се пензионирал, Маунтбатен го посветил животот на меѓународни односи и избегнување конфлит, и UWC брзо станало еден од неговите најистакнати интереси. 

За време на неговиот мандат како претседател на UWC, Маунтбатен значително го зголеми движењето низ целиот свет. Во 1971 година, тој помогна со отварањето на UWC на Југоисточна Азија во Сингапур, па и на Лестер Б. Пирсон UWC на Пацификот во Викторија, Британска Колумбија, во 1974. Во 1978 година, по долгогодишна работа, Маунтбатен го предаде претседателството на својот правнук, Неговото Височество Принцот Чарлс од Велс.