Премини на содржината ↓

Ивана Буџаровска

16 August 2018

UWC Мостар, 2018-2020

Јас сум Ивана Буџаровска, и сум поранешна ученичка на UWC Мостар од 2018 до 2020 година. Иако беа очигледно напорни, овие две години беа круцијални во мојот развој како на академско, така и на лично ниво, та затоа решив да го продолжам своето образование во близина на Чикаго, на Lake Forest College, каде планирам да студирам новинарство и комуникации.

Моите интереси се движат од фотографија и дизајн, па се` до литература, поправање туѓа граматика и правопис, и политика, па ако некогаш сте расположени да разговарате на овие теми, или да ве ,,изругам” дека правите мали и глупави правописни грешки, слободно контактирајте ме на ivana_budzarovska@hotmail.com.

2020