Премини на содржината ↓

Божидар (Бобо) Станковиќ

8 August 2018

UWC Роберт Бош Колеџ, 2014-2016

Бобо ужива да запознава пријатели. Првите пријателства ги започна во Скопје, во „Јахја Кемал“ и Младинскиот образовен форум (МОФ). Брзо потоа, највеќе заради дебата и натпревари по програмирање, Бобо продолжи да запознава пријатели низ Балканот, дури организирајќи две летни академии наречени Networking 101.

Двете години на UWC Роберт Бош беа трансформативни за Бобо -- му покажаа дека може да има пријатели од целиот свет! Па, каде и да одеше -- од Принстон за додипломски до Пекиншкиот Универзитет за магистерски студии -- Бобо се обиде да гради заедница. Попатно, работеше како бариста и туристички водич, ја истражуваше исхраната на антилопи, и беше гордиот основач (и единствениот член) на Македонскиот клуб на двата универзитети.

Бобо сега работи како консултант во Вашингтон и не заборава да одржува контакт со пријателите -- целта му е да се чуе со барем еден пријател секој ден.

2016  RBC